Парламентарните избори во Германија ќе се одржат на 26 септември 2021 година, беше објавено денес од кабинетот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.
Во соопштението се наведува дека датумот е одреден во согласност со препораките на администрацијата, пренесе АП.
Тоа ќе бидат дваесетти парламентарни избори во Германија од Втората светска војна.
Во Германија парламентарните избори се одржуваат на секои четири години.