Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за македонска фирма

од Илинка Илиоска
1,1K прегледи

На тројца поранешни и сегашни инженери на српската воена фабрика во Ваљево, осомничени за шпионажа и откривање доверливи информации, им е одреден притвор откако беа уапсени еден ден претходно, објавија денес белградските медиуми.

Тие се уапсени во соработка со српската тајна служба и полицијата поради сомнение дека „однеле доверливи информации и документација на странска организација“.

Осомничените инженери на холдингот „Крушик“, еден од столбовите на српската воена индустрија, претходно биле сослушани во обвинителството, при што им била одредена мерка притвор „за да не се уништат, кријат, менуваат или фалсификуваат доказите“ и „да не влијание врз сведоци“, ниту пак „повторно сторил кривично дело“.

Уапсените се товарат дека „неовластено одзеле доверлива деловно-техничка документација“ од „Крушик“ и „ја дале на странска организација, на штета на безбедносните, одбранбените, воените и други интереси“, со што ги ослабнале овластувањата на Р. Србија, пренесува Хина.

Според белградските медиуми, при претрес на станот на еден од уапсените биле пронајдени и одземени повеќе од 10.000 евра и договор за негово вработување во компанијата АТС Груп со седиште во Северна Македонија, која се занимава со производство на оружје и воена опрема,а чиј формален сопственик е Шефќет Демировски.

Во последните месеци Србија беше поврзана со извоз на оружје во Израел и муниција во Украина, иако Белград не се приклучи на меѓународните санкции против Русија поради инвазијата на таа земја, која започна во февруари 2022 година.

Во средината на годината „Фајненшл тајмс“ (ФТ) објави проценки дека Србија индиректно, преку други земји, извезла муниција во Украина во вредност од 800 милиони евра од почетокот на руската инвазија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за ФТ дека не се противи неговата земја да продава муниција на посредници кои ја доставуваат во Украина.

Балканската истражувачка мрежа на Србија – БИРН на почетокот на јуни објави во заедничка истрага со израелскиот весник Хаарец дека најмалку седум израелски воени авиони слетале во Србија од октомври 2023 година и дека шест летови – во февруари, март и мај – коинцидираат со извозот на српско оружје во вредност од 15,7 милиони евра во Израел, земја осомничена за воени злосторства и кршење на меѓународното хуманитарно право и за геноцид во Газа.

Слични содржини