Одредени маркети, се најголеми профитери, вели Битиќи

од Берта Китинска
199 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска најави дека доколку е потребно, можно е да се активираат стоковните резерви.

Според Битиќи, леб ќе има и тоа, како што рече, по реално пристојни цени.

Оценка на вицепремиерот е дека цените растат поради „нашето неодговорното однесување“, а одредени маркети, смета, се најголеми профитери.

„Се испостави во одредени маркети дека токму таму се најголемите маржи. Цените растат и зашто поскапуваат суровините. Тука не можеме да интервенираме зашто сме увозно зависни“, рече тој.

Слични содржини