Под раководство на претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, вчера се одржа првиот состанок на Основачкиот совет. На овој состанок, на кој се разговараше за текот на организирањето на Движењето и за политичката актуелност, беше донесена одлука за продолжување на регистрацијата на нови членови на ДД не само онлајн, туку и директно.
На овој состанок беше констатирано дека во однос на регистрацијата на нови членови, досегашниот интерес ги надмина сите очекувања и тоа, секако, ја зголемува мотивацијата за максимален ангажман кон реализација на главните цели кои ќе донесат промена на политичката сцена.
Основачкиот совет истовремено го задолжи претседателот Меџити дополнително и интензивно заеднички да делува со албанскиот опозициски фронт за да се стави крај на владеењето на корумпираната власт, која очигледно, со последните дејствија, особено со скандалозните измени во Кривичниот законик, и самата сфати дека крајот не е далеку.