424
Поради тоа што во одводот од чешмата во кујната завршуваат остатоци од храна и слични нечистотии, лошиот мирис е доста честа појава.
За среќа, постои и едноставно решение, благодарение на кое ќе спречите размножување на бактерии и габи на талогот од храна измешана со кујнски детергент и вода.
Потребни состојки:
400 мл бел оцет
3 лажици сода бикарбона
5 литри вода
Прво сипете ја содата, па додавајте по малку оцет. Оставете неколку минути, а потоа истурете ја водата.
Не заборавајте неколкупати годишно да го прочистувате одводот со соодветно средство за таа намена, а горенаведениот рецепт е исто така одличен за да спречите размножување на микроорганизми во вашиот одвод.