„Одвојување на вакцинираните од невакцинираните деца во училиштата е логично решение!“

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Српскиот епидемиолог, Предраг Кон изјави дека единственото логично решение што го гледа за почетокот на учебната година е одвојувањето на вакцинираните од невакцинираните ученици постари од 12 години – оние што ја примиле вакцината да одат на училиште, и оние кои не – да следат онлајн настава.

Како што истакна Кон, иако се препорачува вакцинација на деца постари од 12 години, таа речиси и да не постои.

„Како епидемиолог, тврдам дека ова е и жива вистина – создавањето колектив во кој се мешаат вакцинирани и невакцинирани на вирусот практично му остава мотор да живее онолку долго колку што сака“, рече тој.

Меѓутоа, како што изјави Кон, таквата одлука „мора да ја донесе Министерството за образование“.

„Не можете да ги оставате заштитените и незаштитените заедно, пред се во интерес на незаштитените“, рече Кон, додавајќи дека во ситуација кога бројот на заразените расте, едно од многу важните прашања е како ќе се решат училишните колективи.

Според него, Министерството за образование треба да го реши проблемот со наставата за деца под 12 години.

„Најверојатно, учениците од прво до четврто одделение ќе одат на часови, а петто и шесто одделение ќе комбинираат еден ден преку Интернет, еден ден со присуство. Носењето маски е исто така задолжително “, изјави Кон.