ОДВРАТНИ ДЕТАЛИ од сведочењето на жена која тврди дека Расел Бренд ја силувал како малолетна!

од Vladimir Zorba
482 прегледи

Познатиот актер и комичар Расел Бренд во петокот на својот канал на Јутјуб негираше низа обвинувања против него, вклучително и дека тој наводно силувал, сексуално нападнал и малтретирал четири жени, од кои едната била малолетна.

Првата жртва тврди дека била во „емоционално насилна и контролирачка врска“ со Бренд како тинејџерка, откри „Channel 4 Dispatches“ во саботната емисија, пишува „Дејли мејл“.

Актерот ги негираше наводите на медиумите, инсистирајќи дека неговите врски секогаш биле консензуални. Тој ги опиша извештаите како „безобразни и агресивни напади“.

„Во моите најславни денови бев многу, многу промискуитетен. Сепак, односите што ги имав беа апсолутно секогаш консензуални. Тогаш секогаш бев транспарентен за тоа, речиси премногу транспарентен, а и сега сум транспарентен. Дали има друга агенда во игра?“, праша Бренд.

Една од девојките кои го обвинија, тврди дека имала 16 години кога ја започнале врската, а се запознале додека пазареле во центарот на Лондон. Жртвата тврди дека Бренд испратил автомобил во нејзиното училиште за да ја земе од часови.

Таа исто така тврди дека комичарот ја третирал како дете за време на нивната тримесечна врска, нарекувајќи ја „моето бебе“ и „мојата мала кукла“ кога открил дека е девица. Комичарот во една прилика и го „турнал пенисот во грлото“, а застанал дури откако таа го удрила во стомакот, го пренесуваат сведочењето странските медиуми.

Друга жена тврди дека Бренд ја силувал во неговиот дом во Лос Анџелес. Новинските извештаи тврдат дека истиот ден била лекувана во кризен центар за силување и дека потоа му испратила СМС во кој пишувало: „Кога девојката вели не, тоа значи не“.

Трета жена тврди дека тој сексуално ја нападнал во неговиот дом во Западен Холивуд откако се сретнале во Анонимните алкохоличари. Четвртата тврди дека физички и емотивно ја малтретирал, а ја грабнал и ја гризнал по лицето.

„Знам дека многу, многу години жените меѓусебно се предупредуваат за Расел“, изјави комичарот Даниел Слос за „Sunday Times“.

Да потсетиме дека Расел беше во брак со пејачката Кети Пери, а од 2017 година е во брак со Лора Галачер со која ги има 6-годишната ќерка Мејбел и две години помладата Пеги.

Слични содржини