Наставничката Џарали Енис Меткалф од Ајдахо на Фејсбук објавила интересен експеримент, со кој ги научила своите ученици колку е важно редовно да се мијат рацете.
Многумина од нас не се плашат од она што не можат да го видат, но од микроорганизмите треба да се плашиме и тоа многу.
Кога почнала сезоната на грипови и настинки, Меткалф купила леб исечен на парчиња. Едно парче го завиткале во пластична кеса без да биде допрено директно со раце, второто допрено со неизмиени раце, третото со раце измиени со течност за дезинфекција, едно со измиени раце со топла вода и сапун и последното го допреле кратко до компјутерот во училницата.
Сите парчиња леб биле спакувани во пластични кеси, а по некое време забележале како на нив на различен начин се развива мувла.
Во својата порака на Фејсбук Меткалф напишала дека е важно сите да научиме дека рацете треба да се мијат со топла вода и сапун и дека гелот за дезинфекција не е идеална замена, туку само алтернатива за итни случаи, која според експериментот и не може да се каже дека е сосема ефикасна.