Одземен пасошот на Латас и забрана за јавен настап за Лазаров

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

По добивање на обвинителниот предлог, оформен е предмет со К.бр 457/23 кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни кој постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против двете лица донесе решение со кое ПРЕДЛОГОТ НА ОЈО СКОПЈЕ СЕ УВАЖУВА, и на обвинетиот Д.П.Л. му се определува превентивна мерка заради присуство на обвинетиот и тоа – Привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, соопштуваат од Основниот кривичен суд Скопје.

„На обвинетиот С.Л. исто така му се определива мерка на претпазливост заради присуство на обвинетиот и тоа – Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена по приемот до Апелациониот суд Скопје“, стои во соопштението.

Слични содржини