Под големо полициско обезбедување и денеска продолжи рушењето на дивоградбата кај Мавровка.
Откако вчера основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против него поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело- бесправно градење, Кривичниот суд му одреди мерки на претпазливост на сопственикот на дивоградбата кај ТЦ„Мавровка“, Мевљудин Алити.
Како што објави Сител, судот на Алити привремено му го одзел пасошот, а истовремено донел одлука за забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, како и обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје.
“Македонијапат’ вчера почна да го руши објектот само еден ден откако Владата на седница донесе одлука ова Јавно претпријатие да го изврши уривањето. Претходно, на два тендери на општина Чаир не се пријави ниту една приватна компанија.