Одземени 20.000 евра од банкомат на банкарска филијала во Тетово

од Nikola Popovski
356 прегледи

Полицијата во Тетово е во потрага на сторители на кражба на 20.000 евра (еден милион и триста илјади денари) од банкомат на ТТК банка во Тетово во банкарска филијала на улица „Борис Кидрич” веднаш по завршување на полицискиот час.

„На 15.03.2021 околу 05.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во филијала на банка на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово непознати сторители со употреба на сила од банкоматот одзеле четири каси со пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се расчистува случајот“, информираат од СВР Тетово.

„ТТК Банка АД Скопје ја информира јавноста дека на 15 март 2021 година, веднаш по завршување на забраната за движење вон работното време на Банката, извршена е кражба на парични средства од банкомат лоциран во експозитурата АРМ во Тетово од непознат сторител. При кражбата одземени се околу 1,3 милион денари“, соопштуваат од банката.

Потенцираат дека целиот имот и средства на Банката се претходно осигурени во функција на елиминирање на ризиците од ваков вид настани.

Слични содржини