Утврдено е со истрагата дека, при вооружениот грабеж, што се случи денеска во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров, се одземени 8.700 евра, соопштија од НЛБ Банка.
![]()
Од НЛБ Банка потврдија дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.
НЛБ Банка и понатаму соработува со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување.