406
На 20/21.02.2022 во периодот од 17.00 до 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро презеле мерки и активности за откривање и спречување незаконит риболов. Во водите на Охридското Езерo, спроти „Свети Стефан“, на околу 1000 метри од брегот на езерото, пронашле рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми.Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.