Одземени повеќе мотоцикли поради предизвикување голема бучава

од Nikola Popovski
337 прегледи

Во периодот од 04.07.2022 до 10.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 262 возачи. Од нив, 182 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 45 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

МВР информира деказасилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Слични содржини