Одзивот на ниво на држава до 17 часот е 34,62%

Општините Сарај и Чаир повторно ја имаат најслабата излезеност. Општина Сарај со 8,77 отсто, а во Чаир излезеноста е 12,04 отсто

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв 24

Државната изборна комисија пред малку на прес-конференција соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува 34,62%. До 17 часот вкупно гласале 350.261 граѓанин.

Од Комисијата информираа дека гласањето се одвива мирно и без поголеми неправилности, а избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот.

Најголема излезност е забележана во Конче, каде гласале 64,44 отсто од запишаните избирачи. Потоа следуваат Росоман со 63,58 отсто, Дојан со 62,96 отсто, Лозово со 62,78 отсто, Демир Капија со 62,71 отсто и Крушево со 61,89 отсто.

Општините Сарај и Чаир повторно ја имаат најслабата излезеност. Општина Сарај со 8,77 отсто, а во Чаир излезеноста е 12,04 отсто.

Ова претставува помал одѕив во споредба со првиот изборен круг, кога до 17 часот излезноста беше околу 40 отсто.

Од ДИК најавија дека следниот прес со конечната излезност и првичните резултати ќе биде одржан по затворањето на гласачките места во 19 часот.