Оер: Како на 5 јуни би имало избори кога условите се уште не се усогогласени

од desk3
97 прегледи

Амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер за време на денешниот престој во Битола изјави дека политичката криза во државава ги загрижува сите и оти мора да се најде излезно решение.

oer-3-

– Политичката криза во Македонија не загрижува сите, посебно мене затоа што доаѓам од Франција една од државите основачи на Европската унија. Штета е што на 9 мај треба да ја славиме Европа во ситуација кога сме загрижени за Република Македонија и си го поставуваме прашањето како ќе се излезе од кризата. Се прашуваме како на 5 јуни би имало избори кога условите се уште не се усогогласени помеѓу политичките партии, листите не се подготвени и навистина мора да се излезе од оваа криза, изјави Оер одговарајќи на новинарски прашања.

Истражување :Дел од фасадите на „Скопје 2014“ – темпирани бомби?

Амбасадорката Оер престојуваше во Битола каде на француските гробишта се одбележуваше 8 Мај, денот кога во 1945 година заврши Втората светска војна./MИА

Слични содржини