Оер: СЈО да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем

од desk3
87 прегледи

Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем, вели амбасадорката на Франција Лоренс Оер во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

F8606D11-9F2B-4590-8514-0DA6F0562B54_w640_r1_s_cx0_cy46_cw0

Глас на Америка:  Како ги коментирате опструкциите на повеќе институции на Специјалното јавно обвинителство?

Лоренс Оер: Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем. Граѓаните треба да имаат доверба во правдата, што претставува основен столб на демократијата. Ниту еден демократски систем не е совршен, ниту еден поединец не е над законот и затоа постои поделбата на власта и затоа постојат институции и комисии за контрола.

Глас на Америка:  Дали гледате доволна политичка посветеност од потписниците на договорот од Пржино за имплементација на обврските?

Лоренс Оер:  Најважни партнери се самите потписници на договорот од Пржино, оние кои решително се заложија за имплементација на обврските. Меѓународната заедница е исто така целосно посветена на нивно спроведување. Дали постои алтернатива? Гледате ли вие друг излез? Зад нас се веќе осум месеци напорни активности. Убедена сум дека работата врз избирачкиот список е од суштинско значење, а таа е веќе започната. Државната изборна комисија врши извонредна работа којашто ја поздравувам.
Глас на Америка: Како ги коментирате актуелните настани во меѓуетничките односи со изградби на орли и крстови иницирани од коалиционите партнери?

Лоренс Оер: Навистина сме загрижени од сето тоа што поттикнува конфликти на три месеци пред изборите и очекуваме политичките партии да повикаат на смиреност. Граѓаните сакаат само едно нешто во земјата, а тоа е да живеат во мир и хармонија.