Европската унија се уште не знае дали кинескиот претседател Си Џинпинг за време на посетата на Москва разговарал за испорака на оружје во Русија и чека повеќе информации за да може да заземе став, изјави денеска висок претставник на ЕУ.
„Очекуваме да видиме што се разговараше и последиците од таа посета. Кога претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел се сретна со претседателот Си Џинпинг (во 2022 година), беше јасно дека Кина нема намера да испраќа оружје во Русија. Чекаме да видиме дали тоа е точно, дали оваа средба ги менува параметрите и какви би биле последиците од тоа“, изјави за новинарите висок функционер на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен.
Лидерите на ЕУ одржаа стратешка дискусија за Кина во октомври 2022 година. Службите за надворешна политика на ЕУ наведоа, во документот подготвен за оваа дискусија на лидерите, дека Пекинг сега треба да се смета првенствено како конкурент кој промовира „алтернативна визија за светскиот поредок“.