Разузнавачката служба на НАТО проценува дека за секој убиен украински војник во одбраната на Бахмут, град во источна Украина, Русија изгубила најмалку пет, изјави воен претставник на НАТО за Си-Ен-Ен.
Тој посочи дека соодносот пет спрема еден се заснова на проценка на разузнавањето.
Службеникот зборувал за Си-Ен-Ен под услов да остане анонимен, бидејќи не бил овластен да разговара за разузнавачки информации.