Официјално: Аморим е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Португалскиот стручњак Рубен Аморим и официјално беше претставен како нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Клубот од „Олд Трафорд“ плати 11 милиони евра како обештетување на Спортинг Лисабон, а 39-годишниот фудбалер потпиша договор со англискиот гигант до летото 2027 година.

За четири години на „Алваладе“ успеа да донесе две шампионски титули на Португалија, заедно со два Купа и еден Суперкуп, а промовираше и неколку млади играчи.

Сезонава одлично притиска, прв е во поредокот со три бода повеќе од Порто и осум од Бенфика, но во екот на сезоната реши да замине во Манчестер.

Тој спремно го прифати проектот на „црвените ѓаволи“, без разлика што беше јасно дека му претстои повеќе од тежок предизвик, но и дека ќе биде далеку од борба за некој трофеј…

Слични содржини