Баерн Минхен официјално го објави потпишувањето на дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Та. 29-годишниот германски репрезентативец им се приклучува на Баварците на слободен трансфер и потпиша договор до 30 јуни 2029 година. Централниот дефанзивец ќе го носи дресот со број 4 за германските шампиони.
Та играше за Хамбург, Фортуна Дизелдорф и Баер Леверкузен. Логично, најголемите успеси ги постигна со „аспирините“, каде што минатата сезона двојна круна и стигна до финалето на Лигата на Европа. Тој играше за Леверкузен десет години – од 2015 до 2025 година, имајќи 402 настапи и постигнувајќи 18 гола за тимот. Та има одиграно 35 натпревари за германската репрезентација, каде е стартер во срцето на одбраната на Бундестимот.
„Многу сум среќен што сум во Баерн. Сакам да преземам одговорност тука и да работам напорно секој ден за да постигнам успех“, рече новото засилување на Баерн.
Спортскиот директор Макс Еберле додаде: „Не е тајна дека Џонатан Та е наша мета долго време. Ги цениме неговите квалитети: тој е карактер кој презема одговорност. Џонатан имаше многу понуди, но го избра ФК Баерн, што нè прави многу среќни.“
Сè уште не е јасно дали Та ќе му биде на располагање на Винсент Компани за Светското клупско првенство, бидејќи неговиот договор со Леверкузен истекува на 30 јуни, а „аспирините“ бараат сума пари за да му дозволат порано да се приклучи на Баерн. Двата клуба веќе преговараат за ова прашање и наскоро се очекува развој на настаните.