Официјално: Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Тен Хаг

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Манчестер Јунајтед официјално објави дека го продолжува договорот со менаџерот на тимот Ерик тен Хаг за уште две години – до јуни 2026 година.

„Многу сум задоволен што постигнав договор со клубот за да продолжиме да работиме заедно“, изјави холандскиот стручњак за официјалниот сајт на „црвените ѓаволи“.

„Гледајќи наназад во последните две години, со гордост можам да се сетам на два трофеи, многу примери на напредок од местото каде што бевме кога се приклучив на тимот. Сепак, мора да бидеме свесни дека има уште многу напорна работа за да стигнеме до нивото кое се очекува од Манчестер Јунајтед, да освои англиски и европски титули“, додаде Тен Хаг.

„Во моите разговори со клубот, најдовме целосно единство во нашата визија за да ги постигнеме овие цели и сите сме силно посветени да го направиме ова патување заедно“, коментираше холандскиот стручњак.

54-годишниот холандски тренер е на чело на тимот од 2022 година. На крајот од минатата сезона во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед заврши на разочарувачкото осмо место со 60 бодови од 38 натпревари, а со тимот го освои и ФА Купот победувајќи го градскиот ривал Манчестер Сити во финалето со 2:1.

Ова ќе му овозможи на клубот да учествува во Лигата на Европа во претстојната сезона.

Слични содржини