159
Веќе е официјално – менаџерот Дејвид Мојс по завршувањето на сезоната ќе го напушти Вест Хем, објавија „чеканите“, а медиумите на „Островот“ се повеќе „притискаа“т за неговата замена – Хулен Лопетеги.
„Вест Хем потврдува дека Дејвид Мојс ќе го напушти клубот по заедничка согласност на крајот на сезоната кога ќе му истече договорот“, напиша Вест Хем во официјалното соопштение.
Мојс ги презеде „чеканите“ во декември 2019 година и успеа да ги спаси од испаѓање. Потоа ги предводеше до освојување на Конференциската лига минатата кампања и стигнаа до четвртфиналето на Лига Европа оваа сезона.
Тимот исто така двапати се пласираше во топ 7 во Премиер лигата.