
На 03.05.2015 година во с.Мала Речица-тетовско во непосредна близина на седиштето на политичката партија ДУИ од страна на непознат сторител фрлена е експлозивна направа, која експлодирала и предизвикала материјална штета на патот во вид на кратер. Нема повредени лица. Извршен е увид на местото на настанот и подигнат предметен материјал кој предаден за вештачење. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
88