На 11.07.2015 година околу 04,30 часот во Куманово на плоштад „Маршал Тито“, позади згр.бр.37, во близина на маркет „Тинекс“, вработен во агенција за обезбедување „НИКОБ“ во казино „Астра“, слушнал експлозија. Од страна на екипа од СВР-Куманово излезено е на лице место, при што забележан е кратер со неправилна форма (радиус 10см и длабок 3-4см) во канал за атмосферска вода, скршени се неколку прозори на зградата, на фасадата нема оштетување и нема повредени лица. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
ФОТО: Kumanovonews.com
