Официјално од МВР за приведувањето на директорот Саша Богдановиќ

од desk3
96 прегледи

sd2

На 01.05.2015 година околу 21,45 часот пред влезот на спортска сала Градски парк по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК„ Работнички“ и КК „МЗТ“ од страна на полициски службеник на лицето С.С.(29) му било укажано да се оддалечи од службениот влез на салата, по што истиот почнал да го омаловажува полицискиот службеник со навредливи зборови и при тоа одбил да се легитимира, а при обидот истиот да биде приведен се вмешал и С.Б.(30) и  ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија. Истите се приведени и извршен е разговор и против С.С. ќе следи прекршочна пријава по чл.13, а против С.Б. ќе следи прекршочна пријава по чл.14 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.