Официјално: Поранешниот капитен на Јувентус потпиша со бразилски гигант

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Бразилскиот гигант Фламенго официјално го објави потписот со дефанзивецот Данило, кој пристигнува како слободен играч откако пред само два дена го раскина договорот со Јувентус кој му истекуваше.

Договорот со неговиот нов клуб ќе биде на две години, а играчот ќе биде претставен пред навивачите и медиумите во четврток.

Искусниот дефанзивец ја започна сезоната како капитен на „бјаконерите“, но неодамна испадна од плановите на тренерот Тиаго Мота. За пет и пол години на стадионот „Алијанц“, Данило забележа вкупно 213 натпревари со девет голови и 14 асистенции, а 16 од натпреварите беа во оваа кампања. Со гигантот од Торино, бразилскиот интернационалец освои четири трофеи – една титула во Серија А, два Купа на Италија и еден италијански Суперкуп.

Данило (33) има играно и за Атлетико Минеиро, Сантос, Порто, Реал Мадрид и Манчестер Сити. Првично се мислеше дека ќе потпише со Наполи, но тој на крајот избра да се врати во татковината поради семејни причини.

Слични содржини