Официјално: Шпанија го обнови договорот со Де ла Фуенте

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Европскиот шампион Шпанија го обнови договорот со својот селектор Луис де ла Фуенте, соопшти Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) по состанокот на Управниот одбор.

Новиот договор со Де ла Фуенте е постигнат откако Рафаел Лузан ја презеде функцијата претседател на РФЕФ. Тој вети дека доколку биде избран за прв човек на федерацијата ќе го продолжи договорот со селекторот.

Обновениот договор со Де ла Фуенте ќе важи до 2028 година, со тоа што претходниот договор на селекторот истекува по Светското првенство во 2026 година.

Де ла Фуенте ја презеде шпанската репрезентација во јануари 2023 година и успеа да ја одведе „Ла Фурија Роха“ до трофејот во Лигата на нации во 2023 година и Европското првенство во 2024 година.

Слични содржини