Уругвајскиот дефанзивец на Барселона, Роналд Араухо се договорил за нов договор со клубот, официјално потврдија Каталонците набрзо откако италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека зделката може да се смета за факт. Договорот е до 2026 година и вклучува клаузула за ослободување од 1 милијарда евра.
Потпишувањето на договорот ќе се случи во петок на стадионот „Камп Ноу“, во присуство на претседателот на шпанскиот гигант, Жоан Лапорта, а настанот ќе биде затворен за пошироката јавност, соопштуваат од „Лос Кулес“.
23-годишниот Јужноамериканец е дете на Каталонците, а за првиот тим на Барселона дебитираше во 2019 година.
Според Романо, уругвајскиот централен дефанзивец одбил подобри понуди од клубовите од англиската Премиер лига за да остане на „Камп Ноу“.