Официјално: Барса го врза Алба и му стави цена од 500 милиони евра

од Vlatko K
144 прегледи

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба и каталонскиот клуб се договорија за продолжување на
меѓусебната соработка, објавија од „Камп Ноу“.


Новиот договор е со времетраење до летото 2024 година и во него има откупна клаузула во
вредност од 500 милиони евра.

Бекот на „каталонците“ ќе наполни 30 години по помалку од еден месец.

Во наредните денови, Алба ќе стави и официјално потпис на договорот. Каталонскиот фудбалер
освоил 14 трофејот со Барса, регистрирајќи 282 средби и 14 погодоци.

Пред неколку недели Жорди ја забележа победата бр.200 во дресот на „лос кулес“.