299
Многу посакуваниот уште еден напаѓач на Жозе Мурињо во Рома сега е достапен откако клубот денеска го финализираше потписот со Андреа Белоти.
Италијанскиот интернационалец пристигнува како слободен играч по заминувањето од Торино во текот на летото.
Сепак, донекаде е чуден неговиот договор со „волците“ кој е само за една сезона.
Договорот има опција да се продолжи за уште две, но само доколку се исполнат одредени услови. Сето тоа при ситуација кога Белоти има само 28 години.
Во последната кампања „Петелот“, како што е познат играчот, реализираше нетипично малку голови за себе – само 8.
За него беа заинтересирани и Монца, Вулверхемптон и Галатасарај.