Официјално: Без Ѓоковиќ на УС Опен

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Шампионот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ нема да може да учествува на УС Опен поради неговото одбивање да се вакцинира.

Ова го соопшти самиот Србин со објава на социјалните мрежи.

„За жал, овој пат нема да можам да патувам во Њујорк на УС Опен. Ви благодариме на сите за пораките. Среќно на сите играчи! Ќе останам во добра форма и позитивен дух и со нетрпение очекувам уште една можност за повторно да се натпреварувам. Се гледаме наскоро тениски свету!“, напиша Ѓоковиќ на Твитер.

Србинот исто така не е дел од списокот за ждрепката, која ќе биде извлечена во текот на денешниот ден. Тој ќе загуби 1.200 АТП-поени бидејќи не може да го одбрани минатогодишното финале, што ќе го турне уште подолу на листата.

Слични содржини