Официјално: „Чеканите“ го зедоа и Јармоленко

од Vlatko K
79 прегледи

Вест Хем продолжи со аквизициите, откако го објави привлекувањето на украинскиот напаѓач Андриј Јармоленко.

Договорот на играчот е за 4 години, а Борусија Дортмунд ќе добие околу 18 милиони фунти за фудбалерот.

„Се разбира, среќен сум што дојдов во Вест Хем. Тоа е голем клуб, со одлични фанови и сум радосен дека ќе бидам дел од Премиер лигата. Ова е најсилното првенство во светот, проектот на клубот е амбициозен и сум возбуден од овој нов предизвик“, изјави Јармоленко.

Тој е петтото ново засилување на тимот од Лондон по Иса Диоп, Лукаш Фабиански, Рајан Фредерикс и Џек Вилшир. Вкупната сума за нови играчи досега потрошена е околу 50 милиони фунти.

„Ние воопшто не се двоумевме кога добивме можност да го привлечеме Андриј, бидејќи тој е тип на фудбалер, кого го баравме. Многу е брз, силен во ситуациите еден на еден и ќе му даде на тимот доста опции во нападот, бидејќи е и многу висок“, прокоментира фудбалскиот директор Марио Хусилос.