304
Френк Лампард повеќе не е тренер на Челси, објави лондонскиот клуб.
Лампард го напушта Челси по повеќе од 18 месеци.
Нов тренер на Челси ќе биде Томас Тухел.
„Му благодариме на Лампард за сè што направи за клубот. Во моментов, резултатите не ни одговараат и на фактот дека тимот е на средина на табелата и не сме задоволни од сработеното оваа сезона, па затоа решивме дека е време да се збогуваме. Никогаш не е добро време за разделба со легенда на клуб, но така беше одлучено“, се наведува во соопштението на Челси и тоа се зборовите на Роман Абрамович.
Во моментов Челси е на 9-то место во Премиер лигата.
Тие се пласираа во осминафиналето од Лигата на шампионите и осминафиналето од ФА купот.