ОФИЦИЈАЛНО: Грилиш во Сити за 100 милиони фунти

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Англискиот фудбалски репрезентативец, 25-годишниот Џек Грилиш, е нов играч на Манчестер Сити и потпиша шестгодишен договор, објави клубот.

Грилиш пристигна во Манчестер Сити од Астон Вила, за рекордна компензација од 100 милиони фунти (околу 140 милиони долари), што е најголемиот трансфер во историјата на англискиот фудбал.

Претходниот рекорд го држеше Манчестер Јунајтед, кој издвои нешто повеќе од 93 милиони фунти за доаѓањето на Французинот Пол Погба од Јувентус.