Официјално: Јувентус се прости од Пирло

од Stefanija Kuzmanovska
509 прегледи

Сите информации во последните два дена велеа дека Андреа Пирло ја завршил својата мисија во Јувентус и дека Масимилијано Алегри се враќа на клупата.

Првата половина од тоа тврдење денес доби официјална потврда. Јувентус ја објави разделбата со Пирло на веб-страницата на клубот. Некогаш одличниот играч доби можност да ја започне својата тренерска кариера на „црно-белата“ клупа минатото лето, но не заврши добро. „Старата дама“ остана без титула, а Пирло – без работа.

Јувентус, сепак, со изјава се прости од Пирло со избрани зборови.

„Благодарам, Андреа. Ова се првите зборови што секој од нас мора да ги изговори на крајот од специјалното искуство што го поминавме заедно. Пред неколку месеци, Андреа Пирло, икона на светскиот фудбал, започна нова авантура на клупата на Јувентус, прва како тренер. За да го направите тоа, треба, пред сè, храброст, како и свесност за вашите можности, особено во период што донесе илјада тешкотии. Андреа го стори токму тоа: тој започна (и сигурни сме дека ќе направи брилијантна тренерска кариера) процес на трансформација, пребарување и често нудење идеи и искуства што ги стекна како шампион од другата страна на „оградата“, пишуваат од Јувентус.

„Бидејќи во фудбалот се сметаат само победи, да потсетиме дека во претходниот период Јувентус освои два трофеи и оствари неколку брилијантни победи, од „Сан Сиро“ до „Ноу Камп“. Поради сето тоа, храброста, посветеноста, страста што ја носеше секој ден, нашата благодарност доаѓа од срцето. И му посакуваме се најдобро во иднина, што сигурно ќе биде убава“, стои во изјавата на Јувентус.

Слични содржини