ОФИЦИЈАЛНО: КАС ги отфрли жалбите на Русите за за учество во ЗОИ 2018

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Спортскиот арбитражен суд (КАС) ги отфрли жалбите на вкупно 47 руски спортисти и тренери и тие нема да учествуваат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Русите поднесоа жалба за своето исклучување од Игрите, а првичната одлука беше донесена од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) поради допинг скандалите од Олимпијадата во Сочи пред четири години.

„Ја поздравуваме одлуката што ја поддржува борбата против допингот“, рече Меѓународниот олимписки комитет.

Во декември, МОК ја исклучи Русија од Олимпијадата поради систематски манипулации со допинг примероци. Санкцијата вклучува околу илјада спортисти од различни спортови. Докажано чистите од забранети стимуланси Руси веќе добија покани и ќе учествуваат во Пјонгчанг како олимписки спортисти од Русија.

„Листата со покани за некои руски спортисти не е санкција, туку прифатливо решение“, рекоа од КАС.

Олимписките игри во Пјонгчанг започнуваат денес, 9. февруари и траат до 25. февруари.

Слични содржини