Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг ќе го води Манчестер Јунајтед, официјално открија од клубот. Стручњакот ќе почне да работи на Олд Трафорд по завршувањето на оваа сезона со договор до летото 2025 година, со опција за уште 12 месеци.
Тен Хаг моментално е на чело на Ајакс, кој го води веќе петта сезона. Пред тоа тренерот беше на чело на Утрехт, а пред тоа стекна искуство како тренер на вториот тим на Баерн (Минхен).
🇳🇱 Made in the Netherlands. Ready for Manchester.
🔴 Erik ten Hag's next step is United.#MUFC || #WelcomeErik pic.twitter.com/SwsCwFja10
— Manchester United (@ManUtd) April 21, 2022
По разделбата со Оле Гунар Солскјер минатата есен, Ралф Рангник ја презеде функцијата привремен менаџер на Јунајтед. Се очекува т да остане во клубот како советник и по завршувањето на првенството.
🇳🇱👔
The new First-Team Manager of Manchester United: Erik ten Hag.#MUFC || #WelcomeErik
— Manchester United (@ManUtd) April 21, 2022