Официјално: Нани се врати во Серија А

од Nikola Popovski

Искусниот португалски фудбалер Нани кариерата ја продолжува во Венеција со која потпиша договор до летото 2023 година.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед се враќа во Европа по две и пол години и период поминат во Орландо Сити.

Ќе се обиде да и помогне на Венеција да не доживее експресно испаѓање во Серија Б. Повратникот во елитата е на 17-то место со 17 бодови, еден повеќе од првиот под линијата на Каљари.

Нани (35) има искуство со играње на „Чизмата“, бидејќи во сезоната 2017/18. ги бранеше боите на Лацио.

Кариерата ја започна во Спортинг, потоа играше за Јунајтед, Фенербахче, Валенсија и Лацио и повторно Спортинг од кој замина во САД во 2019 година.

За селекцијата на Португалија забележа 112 натпревари со 24 голови.

 

Слични содржини