Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар го продолжи договорот за три години денес, до јуни 2025 година.
Се шпекулираше дека Нејмар ќе се врати во Барселона, од која се пресели во парискиот клуб во 2017 година за рекорден трансфер од 222 милиони евра, но Бразилецот сепак реши да остане во Франција.
„Задоволен сум што ја продолжив мојата авантура во Пари Сен Жермен. Јас сум многу среќен во Париз и горд сум што сум дел од овој тим, што работам со овие играчи, одличен тренер и што сум дел од историјата на клубот. Јас верувам во овој проект“, рече Нејмар за клупската страница.
Нејмар досега одигра 112 натпревари за Пари Сен Жермен, постигна 85 погодоци и 44 асистенции.
„Јас пораснав тука како маж и како фудбалер. Среќен сум што го продолжив договорот, се надевам дека ќе освојам многу трофеи тука“, додаде 29-годишниот Нејмар.
Тој освои три шампионски титули со парискиот клуб, два Купа на Франција, два француски Суперкупа, два трофеи на Шампионите, а минатата сезона беше финалист во Лигата на шампионите.
.@PSG_English is delighted to announce that @neymarjr has signed a contract extension for a further three seasons until 30 June 2025.
🤙❤️💙 #NeymarJr2025 https://t.co/gqRfaWhuJt
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) May 8, 2021