225
Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака го продолжи договорот со Арсенал до 2025 година.
Џака имаше понуда од Рома, преговараше со римскиот клуб, но преговорите пропаднаа и тој остана во Арсенал.
Лондонскиот клуб го „награди“ со нов договор за уште четири години.
И не само тоа – Џака доби уште две награди.
Тој доби значително покачување и ќе биде заменик капетан, а можеби дури и официјален капетан, доколку Обамејанг си замине.
Фудбалерот со албанско потекло е во Арсенал од 2016 година.