Официјално од Симеоне: Не инсистирам Торес да остане во Атлетико

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Менаџерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне откри дека нема намера да инсистира Фернандо Торес да го обнови договорот со „јорганџиите“, кој истекува ова лето.

На пресконференцијата пред дуелот од Лига Европа против Копенхаген аргентинскиот стручњак беше видливо вознемирен од серија прашања од новинарка, на последното од кои сепак призна дека не е подготвен да помогне за нов договор на Торес.

Еве како течеше разговорот помеѓу нив:

Новинарка: Гризман сигурно ќе продолжи кај вас и следната сезона.
Симеоне: Дали е ова изјава или прашање?

Новинарка: Гризман сигурно ќе продолжи кај вас и следната сезона. Направивте сѐ што можевте за да го направите тоа. Дали сте подготвени Торес да остане?
Симеоне: Не ја разбирам споредбата. Кои се целите со оваа споредба?

Новинарка: Би сакала да знам дали сте подготвени да се обидете да го задржите Фернандо Торес за уште една година.
Симеоне: Не.

Новинарка: Ви благодарам.

Слични содржини