Официјално: Перез останува во Ред Бул уште 2 години

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Вториот ден по победата на Серхио Перез на Големата награда на Монако, Ред Бул официјално објави дека мексиканскиот возач ќе остане во тимот уште две сезони – до крајот на 2024 година. Актуелниот договор на Чеко со тимот е до крајот на 2022 година, а тој и тимот на почетокот на месецов потврдија дека веќе преговараат за нов договор.

Уште по финалето во Монако се појавија информации дека Перез веќе го потпишал новиот договор, а ниту тој ниту неговиот шеф Кристијан Хорнер не ги демантираа шпекулациите.

Перез потпиша со Ред Бул на крајот на 2020 година и минатата година ја забележа својата најуспешна сезона во Формула 1 – 4 место во конечниот пласман и 190 бодови, а освои една победа – во Азербејџан и уште четири пати се качи на подиумот.

Тимот потврди дека договорот на Чеко бил потпишан во текот на викендот за Големата награда на Монако, но пред трката, на која тој победи. Од почетокот на сезоната Перез собра 110 бодови и се наоѓа на третото место во поредокот, само 15 од лидерот и актуелен светски шампион Макс Верстапен, кој му е тимски колега во Ред Бул. Освен тоа, во Саудиска Арабија, Перез ги освои своите први квалификации во Формула 1.

„Откако се приклучи на тимот, Чеко работи фантастично“, изјави шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер. „За нас беше важно да продолжиме да работиме со него и се надевам дека тој и Макс ќе ни го донесат најголемиот успех во Формула 1“.

„Неверојатна недела за мене“, додаде Перез. -Победив во Монако, имам нов 2-годишен договор со тимот, горд сум што возам за Ред Бул и тука се чувствувам како дома. Добро се согласуваме со Макс, и на патеката и надвор од неа, и покажавме дека работиме добро како тим“.

Слични содржини