Официјално: Рагник прво ќе го тренира Јунајтед, а потоа ќе бира менаџер и играчи

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Манчестер Јунајтед и официјално го претстави Ралф Рагник за привремен тренер до крајот на сезоната.

После тоа Рагник ќе има двегодишна „консултантска“ улога во клубот.

Тој ќе има влијание на изборот на новиот менаџер, како и на договорите на играчите кои истекуваат во претстојното лето.

„Возбуден сум што ќе му се приклучам на Манчестер Јунајтед и фокусиран сум на тоа оваа сезона да биде успешна за клубот. Тимот е полн со таленти, има одличен баланс на младост и искуство. Сите мои напори во следните шест месеци ќе ги фокусирам на помагање на овие играчи да го достигнат својот потенцијал, индивидуално и уште поважно како тим“, рече Рагник.

Рагник го замени неодамна отпуштениот Оле Гунар Солскјер.

“Ралф е еден од најпочитуваните тренери и иноватори во европскиот фудбал. Тој беше наш главен кандидат за привремен менаџер, поради непроценливото лидерство и техничките вештини што ќе ги донесе по речиси четири децении тренерско и менаџерско искуство. Сите во клубот со нетрпение очекуваат да работам со него, до крајот на сезоната, а потоа уште две години како советник“, изјави спортскиот директор на Јунајтед, Џон Мурто.

Во меѓувреме, Јунајтед беше предводен од асистентот на Солскјер, Мајкл Керик, со кого „црвените ѓаволи“ го победија Виљареал (1:0) во Лигата на шампионите, а потоа ремизираа со Челзи (1:1) во Премиер лигата.

Слични содржини