Официјално: Рангник нов селектор на Австрија

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник е назначен за нов селектор на Австрија, соопштија од Федерацијата.

Германскиот стручњак на австриската клупа ќе го замени Франк Фода, кој ја напушти таа позиција по поразот од Велс (2:1) во баражот за Светското првенство. Рангник (63) две години ќе ја води австриската репрезентација со можност за продолжување на соработката.

Тој до крајот на сезоната ќе биде менаџер на Јунајтед, а на клупата ќе го замени холандскиот стручњак Ерик тен Хаг.

Рангник е третиот странец на кормилото на австриската репрезентација, по Германецот Франк Фод и Швајцарецот Марсел Колер.

Спортскиот директор на Фудбалската федерација на Австрија, Петер Сетел, истакна дека сака Австриецот повторно да биде селектор, но дека се отворила можноста да го доведе Рангник, па одлуката паднала во негова корист.

„Носиме врвен тренер со респектабилна меѓународна репутација“, изјави Сетел.

Првиот натпревар Австрија ќе го одигра на 3 јуни во А дивизијата од Лигата на нации на гости против репрезентацијата на Хрватска.

Слични содржини