Официјално Словенија поднесе тужба против Хрватска

од desk2
119 прегледи

Словенечката влада пред Судот на правдата на ЕУ во Луксембург поднесе тужба против Хрватска поради неспроведување на одлуката за арбитража за границата.

Тужбата се заснова на членот 259 од Лисабонската спогодба, според кој една држава членка може да тужи друга поради кршење на законите на ЕУ, пренесе агенцијата СТА.

Словенија е уверена дека Хрватска со одбивање да ја спроведе граничната арбитража донесена на 29 јуни 2017 година ги прекршила принципите на владеење на правото, ја пордива способноста на Словенија да ги спроведува законите на ЕУ и ги крши шенгенските правила.

Хрватска сака билатерален договор, додека Словенија инсистира да се почитува одлуката за арбитража, што е став и на ЕУ.