Официјално: УЕФА ја одложи ЛШ и сите меѓународни мечеви

од Vladimir Zorba

Нема да има меѓународен фудбал – европските репрезентации, Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Ова го потврди УЕФА по денешната видео конференција. Сите овие турнири со парализирани.

На денешната средба беше решено сите средби на репрезентациите – мажи и жени, кои требаа да се играат во јуни, да бидат одложени. Лигата на шампионите, Лигата на Европа и сите мечеви под јурисдикција на УЕФА нема да се играат сè додека не биде кажано поинаку од централата во Нион.

Европското првенство под 17 години, кое требаше да се одржи во мај, е одложено, како и првенството под 19 години. Тука додадени се и меѓународни натпревари за девојчиња, вклучително и футсал првенството.
УЕФА увери дека во иднина ќе има нови датуми за сите натпреварувања.

Слични содржини