ОФИЦИЈАЛНО: Усвоен законот, Путин може повторно да се кандидира за претседател

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Руската Државна дума денеска усвои закон во трето читање на пленарна седница, во согласност со измените и дополнувањата на Уставот, кои меѓу другото му даваат право на сегашниот лидер на Русија, Владимир Путин, повторно да се кандидира за претседател.

Според една од новите одредби на Уставот на Русија, ограничувањето на бројот на мандати за време на кое едно исто лице може да ја извршува должноста претседател на Русија се однесува на сегашниот лидер на земјата без да се земат предвид неговите претходни претседателски мандати.

Според тоа, ова правило му овозможува на сегашниот лидер да ја извршува должноста претседател на Русија за уште два мандата, пренесува „Спутник“.

Слични содржини