ОФКАТ: Прекинува потрагата по Мартин, ќе чекаме морето да си ја заврши работата

од Берта Китинска
258 прегледи

Потрагата по Мартин Јовановски кој исчезна во морето кај Посиди, Грција, прекинува по 20 дена. Грчки „ОФКАТ“ соопшти дека случајот со Мартин нема да биде затворен, но истрагата ќе продолжи на „друго“ ниво.

„Денес поминуваат 20 дена без Мартин. Напорите за негово лоцирање беа неуспешни, иако морето, копното и небото ги пребаравме со тоа што го имавме на располагање. Мартин припаѓа на копното и мора да се врати. Да го оставиме морето да си ја заврши работата неколку дена со надеж дека ќе ни се оддолжи во еден момент. Сочуствуваме со неговото семејство и нема да дозволиме случајот да се затвори. Потрагата сега продолжува на друго ниво“, соопштија од „ОФКАТ“.

Слични содржини