Оформен предмет против судија од Градачац по свирепото убиство

од Nikola Popovski
474 прегледи

Дисциплинскиот обвинител на Босна и Херцеговина оформил предмет против судијката Лејла Нумановиќ од Градачац, која на предлог на полициската управа Градачац одбила да изрече забрана за пристап на човекот кој ја уби Низама Хеќимовиќ, објави „N1“.

Како што е наведено, Дисциплинското обвинителство ќе ги испита релевантните факти за случајот, со цел да ги испита наводите за повреда на службената должност на судијата во процесот на одлучување.

Потсетуваме, Нермин Сулејмановиќ во петокот брутално ја ликвидирал својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и убил уште две лица, ранил три, а потоа се самоубил.

Како што стана познато, само четири дена пред убиството на судијката на Општинскиот суд во Градачац, Лејла Нумановиќ донела одлука со која го отфрлила предлогот на полициската управа Градачац да му се изрече забрана на Нермин Сулејмановиќ да ја вознемирува, демне и да се приближува на сега веќе жртвата.

Слични содржини